Македонија
12. September 2018 - 16:49

Шеќеринска: Македонија спроти референдумот се соочува со црна пропаганда и лажни вести

Вицепремиерката Шеќеринска е убедена дека Македонија може да се справи со сите хибридни закани во пресрет на рефендумор. Вели земјава се соочува  со црна пропаганда, лажни вести и извртување на легитимните интереси, но граѓаните знаат во каква Македонија сакаат да живеат.

Референдумот е историска шанса која не смее да се пропушти, вели министерката за одбрана, а за тоа во овој момент се потребни единство и лидерство.

Тонски Шеќеринска

И странските експерти за безбедносни политики сметаат дека хибридните закани се проблем со кој се соочува цела Европа, а најдобра гаранција за безбедноста е токму евроинтеграцијата на регионот. 

Против новите закани како што е кибер криминалот и радикализацијата не можеме да се бориме со оружје и со проектили и оттаму справувањето со хибридните закани е отежнато. Најдобар начин земјите да се одбранат од хибридните закани е да го зголемат нивото на свесност, да соработуваат со партнерите и со другите меѓународни организации, смета Мајкл Гаул копретседавач на Работната група за новите безбедносни предизвици.

Не можете да изградите ѕид околу вас за да се заштитите. Тоа е веќе минато. Во кибер димензијата не може да градите ѕидови, бидејќи главните актери во овие закани користат и човечки и нечовечки ресурси, рече Жан-Марк Рикли, раководител на Одделот за меѓународен ризик во Женевскиот центар за безбедносна политика.

Токму предизвиците и начинот за справување со хибридните закани и нивното ввлијание врз интегративните процеси на земјите од регионот, се во фокусот на дводневната конференција Стабилизирачки ефекти од процесот на евроатлантска интеграција на која учествуваат голем број претставници на дипломатскиот кор и експерти од областа на безбедноста