Македонија
2. October 2019 - 9:34

Шеќеринска: Хибридните закани не се така видливи, но можат да направат огромна штета

Новите хибридни закани не се така видливи и не изгледаат така опасно, но можат да предизвикаат огромна штета, истакна министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска. Вели дека за заштита од хибридните закани потребна е теоретска и практична работа за заштита на критичната инфраструктура.

Според неа, Македонија де факто е дел од НАТО. Вели дека имаме обврска кон Алијансата да придонесеме за поголема безбедност.

Според министерот за внатрешни работи, ургентно е прашањето за заштита на критичната инфраструктура. Вели дека постојат законски репери од земјите членки на Алијансата кои ќе помогнат во изнаоѓање решенија за тоа како треба да се заштити критичната инфраструктура.

 

Даниел Василев