Шеќер во прав предизвика паника во Хамбург
Властите во германската сојузна покраина Хамбург утринава прогласија тревога во пет локални суда и канцеларии на Министерството за финансии, откако неколку работници дошле во контакт со поштенски пратки што содржеле сомнителна супстанца, за кој подоцна се утврдило дека е шеќер во прав.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, тројца судски работници од Судот во населбата Сивенкингплац биле веднаш изолирани и префрлени на медицински испитувања, откако дошле во контакт со првично сомнителниот прав.
- Писма што содржат бела прашкаста материја утрово се пронајдени во поштенската соба на Судотм по што беше вклучен алармот и прогласена тревога. Веднаш потоа беа повикани полицијата и противпожарната бригада. Судот продолжи нормално да функционира дури откако делот каде што простигнува поштата беше затворен, а сите вработени и сомнителни прегледани од експери, изјави портпаролот на Судот во Сивенкингплац, Кај Вантцен.
Откако дошле во допир со шеќер во прав две лица и од Судот во Бергедорф, утринава се префлрени на третман во болница, а поштенска пратка со соминтелниот прав била испратена и во Судот во Бланкензе.
Полицијата засега не открива кои имиња стојат на адресата на писмата упатени до судовите.
Минатата недела сомнителни пакети со непозната прав пристигнаа во Министерството за финансии во Берлин. Одговорноста за испратените пакети презедоа грчки екстремни левичарски организации.
Ново на Сител
-
Коалицијата Вреди го потсетува Османи на случајот „Пациент“
-
Кумановец избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка
-
Зеленски бара помош од запад по рускиот напад врз Чернигов
-
Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари
-
Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал
-
Тешко повреден 53-годишен пешак на патот Кичево-Охрид
-
ССМ: Во наредните денови ќе го радикализираме протестот
-
До вторник облачно со повремен дожд, а на планините снег