Македонија
21. November 2017 - 8:45

Шекеринска во официјална посета на Хрватска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска, на покана на нејзиниот хрватски колега, министерот Дамир Крстичевиќ.

За време на посетата, информираат од Министерството за одбрана, Шекеринска ќе се сретне со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ.

Министерката Шекеринска во хрватското Собрание ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за одбрана, Игор Драгован, ќе ја посети Командата на специјалните сили на хрватските вооружени сили и ќе одржи предавање на Хрватското воено училиште.