Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно предлагаат предвремена ратификација на Протоколот, а не го подржуваат Законот за одбрана
ВМРО-ДПМНЕ лицемерно предлагаат предвремена ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, а велат дека нема да го гласаат Законот за одбрана кој е клучен за пристапувањето во НАТО, истакна потпретседателката на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната завршна трибина „На прав пат“ во Скопје.
Во својот говор, Шекеринска рече дека ВМРО-ДПМНЕ јавно соопштува дека нема да го гласа овој закон поради тоа што во него е содржано уставното име на државата, а од друга страна бара предвремена ратификација на Протколот во кој исто така е содржано уставното име.
– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ земаат плата од Република Северна Македонија и тогаш тоа не им пречи. Не им пречи ниту кога во ЕПП пред партијата стои уставното име на државата. Ама им пречи кога треба целата држава да оди напред, да стане дел од НАТО, им пречи тогаш кога ја обезбедуваме иднината, границите и стабилноста преку членство на Алијансата, рече Шекеринска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација