Шекеринска: Течат консултациите за претседателски кандидат на СДСМ
Процедурите и роковите се познати, а одлуката СДСМ ќе ја донесе на 3-ти март на конгрес. Во меѓувреме течат дискусии, консултации и анализи, а сега сме фокусирани на главните државни прашања, одговори денеска вицепремиерот и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање во врска со политичките случувања за претседателските избори и ставот на СДСМ за нивниот кандидат.
Шекеринска, која денеска ја посети касарната во Тетово, нагласи дека сака заедно со своите колеги да не паднат во старата замка каде партијата ќе се измеша со државата и оти не сака премногу да плива во политичките води во услови кога денешната посета е во улога на министерка за одбрана.
– Успеавме да дојдеме до потпишување на Протокол за пристапување во НАТО, успеваме да ги решаваме овие клучни проблеми и очекуваме дека следната недела ќе бидам првиот наш министер што ќе учествува заеднички со останатите колеги на еден министерски состанок на НАТО на највисоко ниво и тука ја трошиме најмногу енергијата, изјави Шекеринска.
Во однос на изјавата на претседателот на ДУИ Али Ахмети дека нема да го поддржи кандидатот на СДСМ, Шекеринска рече дека за неа коалициите се партнерства и оти никој никому не може да му даде бланко поддршка.
– Не само со нашиот владин коалициски партнер, туку и внатре во нашата колиција со која настапивме на изборите ќе имаме отворени разговори со сите партии. Не веруваме во привезоци, туку веруваме дека коалициите и партнерствата се да се сосолушаме, да разговараме и да го најдеме најдоброто решение не за Владата, туку за Македонија, рече Шекеринска.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање