Македонија
21. April 2021 - 16:46

Шекеринска се повлекува од партиската функција, дали ќе биде амбасадор во САД?

По цели 8 години Шеќеринска се повлекува од заменик претседателската функција на СДСМ. Денеска и лично потврди дека на претстојниот партиски конгрес во мај нема да поднесе кандидатура за позицијата на која беше избрана во 2013-та.

-Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри, изјави Шекеринска.

Но дали ова ќе значи дека Шеќеринска ќе ја добие амбасадорската позиција во Соединетите Американски Држави, без конкретен одговор. Вели дека досега нема учествувано во дискусија за амбасадор на Македонија во Ваштингтон, а  оваа позиција е многу важна за разговорите да се водат преку медиумите.

-Мислам дека е тема кој не треба вака да се дискутира. Се работи за многу важно место, се работи за место кое што особено станува значајно имјаќи предвид дека новоизбраниот претседател (на САД) доаѓа со една нова поактивна политика и на Балканот. Тоа е прашање за кое не се дискутира преку изјави, туку во рамките прво на Министерството, па на Владата и во соработка со претседателот. Јас се чуствувам заморено да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра, истакна Шекеринска.

Амбасадорската позиција на Македонија во САД е празна од октомври 2018-та кога од мисијата се врати Васко Наумовски. Изминатиот период за оваа позиција се шпекулираше со имињата на професорот Љубомир Фрчовски, Шекеринска, па дури и дека ова место ќе им припадне на кадри на ДУИ. Официјален став од Владата и МНР засега нема.