Македонија
21. October 2018 - 16:05

Шекеринска: Отворен е патот за излез на Македонија од изолација

Со големиот исчекор кој го направи Собранието, односно со одлуката на пратениците да гласаат “ЗА” Договорот од Преспа, Македонија станува фактор на стабилност во регионот. Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, која најпосле се извлекува од калта, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.

Историскиот глас на пратениците, рече Шеќеринска, во исто време беше глас против изолација, но и против несигурност и сиромаштија. Глас против нови политички кризи.

Шеќеринска дополни дека сега е моментот поделбите да ги ставиме настрана и да почнеме да зборуваме за суштинско помирување, а за тоа дали ќе се гласаше иницијативата за уставни измени доколку тројца пратеници обвинети за настаните од 27-ми април не беа ослободени од притвор, министерката вели дека како Влада, не се мешаат во работатата на судството.

За  нацрт-амнадманите за измени на Уставот, за кои тече рокот од 15 дена, Шеќеринска дополни дека ќе се трудат и порано да ја завршат задачата, имајќи ги предвид сите одредби на Договорот од Преспа.