Шекеринска од Лавци: Зборот ни важи, парите ги враќаме кај граѓаните, еден по еден ги решаваме проблемите
Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, попладнево учествуваше на маалска средба со жителите на село Лавци, Битолско.
Како луѓе, како на Влада, покажавме дека зборот ни важи.
Вложуваме напори работите една по една да се решаваат.
Бевме фокусиани на крупните работи во првиот период, да ги решиме, во интерес на граѓаните и државата. Затоа успеавме.
За 2 години успеавме во она што 12 години не успеаа, во клучните области, да бидеме членки на НАТО и ЕУ. Знаеме интеграциите што носат.
Денеска бевме во посета на едно земјоделско семејство во Битолско и ги гледаме првите резултати. За прв пат успеваме европските пари за земјоделието речиси целосно да ги користиме. Тоа сакаме да го прошириме во други области“ рече Шекеринска.
Шекеринска се осврна на спроведените мерки на Владата во последните 2 години кои парите ги враќаат кај граѓаните, и додаде дека Владата на СДСМ не троши на музеи и лажен барок, туку на водоводи, патишта, реални проекти кои значат грижа за граѓаните.
„Во изминатите 2 години успеавме на домашните и на странските инвеститори да им создадеме шанса да отворат 50 илјади нови работни места и да растат платите.
Успеавме со пари од буџетот да обезбедиме социјални пакети кои сега се за 3 пати поголеми.
Целосно го решивме проблемот со стечајците и не дозволивме да се покачи цената на струјата. За прв пат платите растат побрзо од трошоците. Повратот на ДДВ веќе функционира. Ги намаливме казните. Зборот важи, парите ги враќаме назад кај граѓаните.“ додаде Шекеринска.
Во соработка со локалната самоуправа продолжуваме, постојано, да им служиме на граѓаните и да работиме исклучливо во интерес на државата и на граѓаните – порача Шекеринска.
Претседателот на општинската организација Златко Ќурчиски изрази задоволство што локалната самоуправа предводена од СДСМ го решава пробелмот во селото Лавци со водоснабдувањето, ова наше населено место ќе биде приклучено на градскиот водовод и за граѓанитр на Лавци е обезбедна вода.
Тимовите на СДСМ ги евидентираа предлозите и сугестиите на граѓаните.
СДСМ е со граѓаните, слуша и дејствува!
Зборот важи!
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување