Македонија
29. January 2020 - 10:13

Шекеринска: Очекувам законот за одбрана да се донесе пред распуштање на Собранието

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува законот за одбрана да се донесе пред распуштање на Собранието, во спротивно Македонија би  покажала  несериозност,како земја која се,стреми да влезе во НАТО.

Апелираше пратениците да дадат,зелено светло. Во однос на ратификацијата за членство на земјата во НАТО во Шпанија, Шекеринска  очекува истата да биде завршена во најкус можен рок, за неколку недели.

 Шекеринска денеска се сретна со британската амбасадорка Рејчел Галовер, а зборуваа за обврските и задачите и приоритетите кои земјава ќе ги има откако ќе стане земја членка на НАТО.

Амбасадорката рече дека Македонија веќе игра важна улога во мисиите на НАТО и со нетрпение очекува земјава да стане рамноправна членка на Алијансата. 

 

Елена Милошевска