Македонија
5. January 2019 - 16:12

Шекеринска не потврдува дали таа е консезуалниот кандидат на власта за претседателските избори

Вицепремиерката Радмила Шеќеринска не открива дали таа би била консенсуален претседателски кандидат на власта за изборите на пролет, иако нејзиното име се споменува за оваа позиција. Но, министерката за одбрана вели дека во фокусот на владините фукцинери единствено се и треба да бидат уставните измени и стратешката определба на државата без да ја трошат енергијата за други прашања  како што се претседателските избори кои треба да бидат распишани на почетокот на февруари.

Уставните измени пак, засега  се на статус кво: обезбедни гласови н 8-темина излезени од ВМРО-ДПМНЕ и потенцијални изгубени 4 гласа од албанската опозиција. Собраниската седница за измените на Уставот на  9-ти јануари стартува без гаранција за обезбедни 80 гласа.

Опозициското крило на БЕСА се уште не отстапува од своите барања во Преамбулата и во во делот на државјанството, каде што се бара бришење на зборот македонско за да остане само граѓанин на северна Македонија.

Работната група составена од пратеници на БЕСА на Касами и претставник од кабиентот на премиерот Зоран Заев, по вчерашната лидерска средба, ќе треба да се состане до вторник. На состанокот ќе се пеглааат разликите со цел да се бетонира двотретинското мнозинство за уставните измени.

Од исходот на средбата ќе се одлучат како ќе се однесуваат двајцата пратеници на ова крило, велат од партијата на Касами. Неофицијално од БЕСА не ја исклучуваат можноста, доколку не бидат прифатени барањата, нејзините пратеници да гласаат само за уставните амандмани поврзани со промената на името и гаранцијата на границите, додека за другите два амандмани и уставниот закон да не гласаат воопшто.

Во меѓувреме треба да има и средба Заев – Села за тоа како ќе се постават двајцата пратеници на Алијансата на Албанците која е со истите барања како оние на Касами.