Македонија
14. September 2017 - 18:46

Шекеринска: НАТО треба да знае дека стабилноста на Македонија е стабилноста на регионот и Европа

Според сите информации,  дебатата во рамки на Алијансата околу политиката за отворени врати, сериозно ќе биде почната кон крајот на годината, а во првата половина на 2018 година ќе се има претстава кој е ставот на членките на НАТО, не на прашањето за Македонија, туку генерално на политиката на отворени врати, информираше денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

- Многу е важно како држава да лобираме кај сите дека НАТО не смее да ги затвори вратите. Дека тоа ќе се одрази негативно, не само за Македонија, туки во стабилноста на регионот и Европа. Затоа целта не е да одиме таму и да кажеме помогнете ни. Целта е да ги убедиме дека  нашата стабилност е дел и на нивната стабилност и дека можат да се потпрат на нас, рече Шеќеринска.