Македонија
9. јуни 2017 - 16:20

Шекеринска: НАТО приоритет за Република Македонија

Еден од главните предизвици на Република Македонија е членството во НАТО, а со успешните мисии и вежби организирани од Северноатланската асоцијација, македонската воздухопловна бригада дава особен придонес во остварувањето на ваквата цел. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, на одбележувањето на 25 годишнината од формирањето на военото воздухопловство, истакна дека претстои период на реформи кои треба да продонесат за безбедна и просперитетна Македонија. 

Нашите воздухопловни сили се компатибилни и способни да извршуваат задачи рамо до рамо со нашите сојузници од НАТО алијансата, истакна првиот човек на ЗОК.

Военото воздухопловство на РМ е конституирано на 10 април 1992 година, а по повод првиот историски лет со авион од типот УТВА – 75 на 10 јуни истата година, овој датум се слави како ден на воздухопловната бригада на АРМ.