Македонија
13. November 2018 - 16:47

Шекеринска најавува финализирање на протоколот за членство во НАТО во февруари

Владата е во финална фаза на процесот  на  интеграција во НАТО. Пристапните преговори се завршени, а  забелешките од нив се вградени во реформската  програма која  наскоро треба да  биде усвоена во Владата ,.  Оваа програма предвидува реформи во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата , а ги зема предвид  и воените реформи усогласени со преставниците на Алијансата.  Таа на 6 ти декември ќе биде презентирана на ниво на НАТО 29+1

-Не очекувам дополнителни прашања, не очекувам дополнителни проблеми. Уставните измени очекуваме да завршат во истиот период и затоа сметам дека сите се согласни дека веќе во февруари ќе можеме да имаме протокол за пристапување подготвен од страна на НАТО, истакна министерката за одбрана.

Според министерката за одбрана реформите предвидени во оваа  програмата се реални и конкретни, и се поклопуваат со владината реформска агенда на планот 18 .  Шеќеринска очекува дека роковите ќе бидат испочитувани, со што протоколот за  членство во НАТО ќе биде заокружен на  почетокот на првото тримесечие наредната година .