Македонија
4. May 2018 - 16:13

Шекеринска на средба со Каракачанов: Македонија подготвена за НАТО

Учеството на македонска воена делегација на паратдата за 6 мај денот на бугарската армија е знак на добрососедство и пријателство меѓу две држави, вели бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, по денешната билатерална средба со министерката за одбрана, радмина Шекеринска во Софија.

Каракачанов вели дека Бугарија сака мирен и стабилен Балкан, а Македонија решила многу од своите проблеми, што ја прави подготвена за членство во НАТО.

- Министерката за одбрана, и од Софија ја потврди поготвеноста на Македонија за полноправно членство во Севрона атланската алијанса. Интеграцијата во НАТО е суштински важна за стабилноста на целиот регион.

Во Софија денеска се одржува средба на министрите з аодбрана во рамки на бугарското претседателство со Европската Унија. 

Министерката Шекеринска учествуваше на меѓународната конфереција насловена кон изградба на нов европски одбранбен идентитет, каде порача дека за ЕУ да стане успешен фактор на глобален план треба да биде успешен регионален фактор.

Според неа, позитивните промени со повторното враќање на значењето или погледите кон Западен Балкан се чекори во правилен правец.