Шекеринска на состанок на НАТО, Министрите за одбрана посветени на кризата со Ковид-19
Вицепремиерката и Министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува на видеоконференциската средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.
Ова е прв министерски состанок на шефовите на одбраната на Алијансата на кој министерката Шекеринска учествува како претставник на полноправна членка на НАТО.
Темата на состанокот е одговорот на Алијансата на кризата со Ковид-19.
Во својата дискусија, Шекеринска ќе се осврне на состојбите со коронавирусот во земјава и мерките што ги презема Владата за спречување на неговото ширење. Воедно, министерката ќе се заблагодари и за помошта од земјите членки на НАТО како САД, Турција, Норвешка, Обединетото Кралство, Чешката Република, Унгарија, Холандија, Словенија и Бугарија и ќе понуди поблиска соработка на нашата земја со КФОР на планот на намалувањето на последиците од ширењето на заразата.
Состанокот на НАТО сојузниците ќе се одвива преку заштитена конференциска врска, и освен за КОВИД 19, министрите за одбрана на 30-те земји членки, ќе разговараат и за мисиите и операциите на Алијансата за време на пандемијата, како и за дезинформациите и спречувањето на лажните вести околу коронавирусот.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024