Шекеринска на Конференцијата за европска безбедност во Минхен
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Минхен ќе учествува и ќе се обрати на Конференцијата за европска безбедност, организирана од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, тема на обраќањето ќе биде успешниот процес на рехабилитација на Северна Македонија и односите и влијанијата во Југоисточна Европа и пошироко.
На маргините на безбедносната конференција, Шекеринска ќе се сретне со германскиот заменик – директор на Европскиот центар за безбедносни студии, бригаден генерал Јохан Бергер.
Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ е реномиран меѓународен одбранбено – безбедносен институт кој го промовира дијалогот и разбирањето меѓу нациите и државите од Северна Америка, Европа и Евроазија. Институтот е поддржан од владите на Соединетите Американски Држави и на Германија.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК