Македонија
23. November 2018 - 8:13

Шекеринска ќе го претстави буџетот во одбраната за наредната година

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на прес конференција ќе го презентира буџетот во делот на одбраната за наредната година.

Според Предлог-буџетот за 2019 година што Владата го прифати и го достави до Собранието предвидено е зголемување на буџетот на Министерството за одбрана за 7,8 милијарди денари.

Покрај интезивирање на процесот на зачленување во НАТО најавени се и раст на платите за пет отсто на сите вработени во одбраната со стептемвриската плата во 2019 година.