Македонија
6. December 2019 - 9:24

Шекеринска ќе додели сертификати на 35 родови претставници во МО и Армијата

Во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и девојките“, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска ќе додели сертификати на 35 родови претставници во Министерството и сите единици на Армијата.

Како што соопштува Министерството за одбрана, по доделувањето на сертификатите ќе бидат промовирани Упатството и Водичот за заштита од вознемирување на работно место, кои се во сила во двете институции.

-Министерството за одбрана е предводник во процесот за заштита од вознемирување, за што во овие институции има „нулта толеранција“. Воедно, преку политиките во Министерството и Армијата, еден од приоритетите е воведување на целосна и недвосмислена родова рамноправност и родова перспектива, се наведува во соопштението на Министерството.