Македонија
6. December 2019 - 16:43

Шекеринска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го гласа Законот за одбрана

Неодговорно е да зборуваме за НАТО и за ратификацијата на пристапниот протокол во македонското собрание, во ситуација кога го немаме донесено клучниот Закон за одбрана.

Министерката Шекеринска со последен апел до опозицијата активно да учествува во неговото носење. Текстот ќе се најде пред пратениците на 11-ти декември, а за негово одобрување потребно е двотретинско мнозинство.

Од ВМРО ДПМНЕ одговараат дека во текстот на Законот постојат одредби кои не се поврзани со НАТО процедурите, а со тоа е запознаена и самата министерка.

Најголемата опозициска партија уште еднаш повика на предвремена ратификација на членството во НАТО, но според министерката Шекеринска, неопходно е прво да се донесе Законот за одбрана, кој ќе ги регулира односите со Алијансата.

Додаде дека во разговорите со шпанските колеги добиле уверување дека ратификцијата од Мадрид ќе се случи многу брзо по формирање на Владата и дека процесот ќе финишира на почетокот од следната година.