Македонија
30. March 2018 - 12:23

Шекеринска: Инвестираме во добри односи со сите соседи, вклучително и Грција

 Во тек се разговорите со Грција, двајцата министри се во Виена, сакаме да се надеваме и ќе направиме се Македонија да биде конструктивна и да даде придонес кон успешен процес, истакна вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа по посетата на Воено-медицинскиот центар рече дека добрите односи со соседите се прашање што ние треба да го решаваме дури и без овој дел на членство во ЕУ и НАТО.

- Инвестираме во добри односи со сите соседи, вклучително и со Грција. Македонија досега плати превисока цена на грчкото вето во 2008 година. Меѓутоа, сега сметаме дека она што го научивме овие 10 години треба да ни помогне да го најдеме решението и сметаме дека и Грција ќе профитира од нашето членство во НАТО и во ЕУ и како добри соседи треба да си даваме поддршка во вакви моменти, додаде Шекеринска.