Македонија
15. August 2018 - 16:26

Шекеринска: Членството во НАТО ќе го отстрани стравот од нови воени конфликти

Членството на Македонија во НАТО е шанса да се стави точка на сите стравувања од можни воени конфликти во соседството, поради кои и нашата земја плати висока цена, порача министерката Шеќеринска при посетата на полигонот Криволак, каде до 20 август обука ќе имаат дел од американските копнени сили во Европа. Растечкото партнерство меѓу армиите на РМ и СД покрај поголема безбедност за нашите граѓани, ќе придонесе и за стабилност на целиот Балкан, рече таа.

Механизмот на НАТО најдобро може да обезбедни стабилност, истакна заменик амбасадорот на САД во нашата Шварцер Блум, повикувајќи ги сите македонски граѓани да ја искористат шансата да ја интегрираат земјата во Алијансата и ЕУ.

Повторно беше истакната важноста на Криволак, како воен полигон кој нашата држава може да им го понуди на НАТО сојузниците, за усовршување на нивните борбени вештини.

Близината на “Криволак” до американската база “Бондстил” овозможува одлични услови за спроведување на вежбите, бидејќи војниците брзо може да се вратат на своите работни места во случај на вонредна состојба, истакна командантот на американската база на Косово Ник Дучиќ, кој денеска беше дел од високите гости на воениот полигон.