-->
-->
Шехерезад го смени личниот опис: Еве како изгледа убавата турска актерка која ја гледате на Сител
-->
Бергузар Корел е една од најплатените турски актерки која со години плени со атрактивност, а домашната публиај ја памети по улогата на Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, „Езел“ и „Далеку од дома“ која во моментов игра на ТВ Сител.
Долго време беше препознатлива по долгата, бујна кафеава коса, а потоа фановите ги изненади со новиот изглед.
Бергузар Корел е наречена „Турчинка со најубава коса“, а благодарение на бујната, сјајна коса заработи цело богатство на реклами за шампони,
Сега сите се прашуваат зошто сопругата на Сулејман Величествениот така драстично се ишиша. Секако, станува збор за нејзината нова улога.
Бергузар поради новата улога ја скрати својата долга коса и изгледа целосно непрепознатливо. Новата фризура најмногу го воодушеви 45-годишниот Халит Ергенч, во кој се вљуби на сет.
Таа ја откри и тајната на својот негуван изглед:
„Пред се редовно вежбам. Потоа тука е и здравата исхрана, природната нега и позитивната енергија. Многу внимание посветувам на органската храна. Секоја сабота одам на пазар каде купувам овошје, зеленчук и други продукти. Преферирам природни сокови во кои додавам краставици, нане или ѓумбир за подобра арома. Ги редуцирав вечерите. Неодамна ја исфрлил лактозата од менито“, откри актерката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца