Свет
6. December 2016 - 13:30

Шефот на протокол на Земан поднесе оставка по аферата за постоење видое на кое користи дрога

Јиндрих Форејт, директорот на Протоколот на Канцеларијата на чешкиот претседател Милош Земан, поднесе оставка поради лични и здравствени причини и неговата функција ќе заврши на крајот на годината, соопшти портпаролот Јиржи Овчачек. 

Како што јави дописникот на МИА од Прага, протоколот на Земан последните денови беше спојуван со неколку афери, меѓу кои задоцнувањето на специјалниот авион на претседателот Милош Земан на погребот на поранешниот словачки претседател Михал Ковач, како и недоделувањето на државното признание на чешкиот писател и преживеан од Холокаустот Јиржи Бради.

Исто така, протоколот на шефот на чешката држава беше критикуван и при посетата на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кога во салата за прием висеше знамето на Обединетите нации (ОН) наместо на Северноатлантската алијанса.

Последните денови пак, дел од медиумите објавија дека поседуваат компромитирачко видео на Форејт каде покрај другото користи дрога во својот дом. Некои од медиумите објавија неколку фотографии, одбивајќи да го објават видеото.