Свет
30. August 2017 - 17:57

Шефот на ОХЦХР го критикуваше Трамп за нападот врз новинари

Комесарот за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) Заид Рад ал Хусеин изјави денеска дека понижувачките коментари на американскиот претседател Доналд Трамп за новинарите можат да претставуваат охрабрување за неговите поддржувачи за нови напади на одредени заедници.

Ал Хусеин својата критика за Трамп ја упатил откако минатата недела американскиот претседател во сојузната држава Аризона го коментирал  собирот во Вирџинија, организиран од заговорниците на доминацијата на белата раса.

Трамп во Аризона ги критикувал медиумите за начинот на известување на настаните во Шарлотсвил, при што новинарите ги нарече „навистина нечесни луѓе“. 

- Навистина е целосно збунувачки кога ќе помислите на тоа дека и самата слобода на печатот, која што што е своевиден камен темелник на Уставот на САД, сега е изложена на напади кои доаѓаат од претседателот. На некој начин тоа е вџашувачки пресврт и на крајот на краиштата опасен след на настаните, изјави високиот претставник на ОН.

Принцот  Заид Рад ал Хусеин како кандидат на Јордан за Комесар за човекови права на Обединетите нации беше избран во 2014 година со 193 гласа во Светската организација и со поддршка на сите најголеми меѓународни организации за човекови права.