Шефот на германската дипломатија Хајко Мас в среда во Скопје
Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас во среда ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
Мас ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На средбата, како што најави МНР, ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи.
Ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.
Покрај со Димитров, се очекува шефот на германската дипломатија да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина