-->
-->
Шефот на дипломатијата на Косово, Пацоли, во посета на Македонија
-->
Интензивирање на севкупната билатерална политичка и економска соработка, со акцент на инфраструктурната и енергетска соработка ќе бидат во фокусот на денешната официјалната посета на шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли на Македонија.
Шефот на косовската дипломатија за време на престојот во Скопје ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.
Како што соопшти МНР планирано е тој да биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери како и од премиерот Зоран Заев.
Посетата ќе биде искористена и за размена на мислења околу актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионалните организации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари