Свет
22. December 2016 - 8:42

Шефот на „Боинг“ му ветил на Трамп дека претседателскиот авион „Ер Форс 1“ ќе биде под четири милијарди долари

 Првиот човек на компанијата „Боинг“ му вети на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека новиот претседателски авион „Ер форс 1“ ќе биде изграден за помалку од четири милијарди долари.

Двајцата вчера разговараа за ова прашање, откако Трамп минатата недела изјави дека ќе ја повлече нарачката заради нејзината зголемена цена, пренесе ДПА.

-Ќе го изградиме за помалку од четири милијарди долари, изјави извршниот директор на „Боинг“, Денис Муленберг.

Тој, исто така, пред новинарите по средбата , изјави дека компанијата „Боинг“ за своја главна цела си ја постави задачата да дава што е можно поквалитетна услуга, при што ќе ја гарантира сигурноста на претседателот, националната безбедност, и целата нарачка ќе биде изведена по поднослива цена.

По разговорот, во кој учестувал  и извршниот директор на компанијата „Локид Мартин“, самиот Трамп изјави дека станува збор за намалување на цените, на кои американската држава ги добива своите авиони, вклучително и „Ер Форс 1“ и ловците „Ф-35“, пренесоа британските медиуми.

-Се обидуваме да ги намалиме цените. Особено на „Ф-35“. Тоа е програма, која е исклучително скапа, рече Трамп пред новинарите по средбата, на која освен директорите присуствуваа и неговите воени сиветници.