Балкан
6. September 2022 - 10:15

Шефицата на француската дипломатија на средби со Мицотакис и Дендиас во Атина

Стратешките односни меѓу Грција и Франција, случувањата во Источниот Медитеран, Украина, Западен Балкан, Блискиот Исток, како и соработката во рамките на ЕУ, според грчкото МНР се очекува да бидат темите за кои попладнево ќе разговараат во Атина шефовите на грчката и француската дипломатија Никос Дендиас и Катрин Колона, јави дописничката на МИА од Атина.    

Министерката за надворешни работи на Франција освен со нејзиниот грчки колега, ќе се сретне и со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. Дендиас и Колона на крајот на јули се сретнаа во Париз.