Шефицата на ЕБУ: Неприфатливо однесување на Украина кон руската претставничка
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) би можела на Украина да ја одземе организацијата на „Песна на Евровизија 2017“ доколку до крајот на наредната недела не се реши ситуацијата со претставничката на Русија, изјави претседателката на ЕБУ, Ингрид Делтенр во интервју за швајцарски „Блик“.
- Такво однесување е апсолутно неприфатливо. Длабоко жалам што натпреварот за „Песна на Евровизија“ се користи во политички игри, рече Делтерн.
Таа истакна дека тој натпревар не служи за „поттикнување на луѓето, едни против други, и се закани дека ќе наметне санкции на Украина.
Претседателката на ЕБУ соопшти дека моментално води разговори со претседателот на Украина, Петро Порошенко и премиерот Владимир Гројсман за изнаоѓање на „мирно решение“, затоа што само тие можат да ја укинат забраната за влез во Самојлова.
Оваа година Русија на „Евровизија“ треба да ја претставува Јулија Самојлова, но Службата за безбедност на Украина и забрани влез во земјата на три години, поради настапот на Крим.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто