Свет
2. January 2017 - 15:58

Шефер: Асад има иднина само доколку се намали неговата моќ

Германија верува дека сирискиот претседател Башар ал Асад нема да може да учествува во транзицискиот период на Сирија доколку неговата претседателска моќ не биде значително намалена, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Шефер.

- Верувам дека е очигледно дека нема може да се реши конфликтот доколку неговата моќ значително не се намали, рече тој.

Според него Германија има став дека не постои иднина за Асад, доколку во Сирија се остане исто. 

Шефер наведе дека за иднината на Асад треба да се разговара на престојните преговори во Астана.