-->
-->
Шеесетина вработени од Општина Карпош помагаат во поплавените подрачја
-->
Општина Карпош соопшти дека и денеска, 65 вработени од општината, предводени од градоначалникот Стевчо Јакимовски, работат на расчистување на теренот и куќите во поплавените подрачја во Општина Гази Баба. Се користат и два камиони-кипери за собирање на отпад.
Единицата за заштита и спасување на Општина Карпош, од вторникот до четвртокот работеше со екипа од 20 члена.
Вчера на помош кај поплавените беа 70 вработени од Општина Карпош, а денеска продолжуваат 65-ина административци со копачи, лопати и друга опрема, се со цел да им помогнат на поплавените.
Општина Карпош донираше и хуманитарна помош во храна, вода и средства за хигиена во 40 куќи во населбата Економија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак