Македонија
15. October 2017 - 18:15

Шеесетина проценти излезеност во Кавадарци, Неготино и Росоман, над 70 во Демир Капија

Шеесетина проценти излезеност во Кавадарци, Неготино и Росоман, над седумдесет во Демир Капија до 17 часот, информираа од општинските изборни комисии во четирите општини. 

Шеесет отсто од гласачите гласале во Кавадарци, а 63.69 проценти во Неготино. 

Во Росоман излегле на гласање 59,5 отсто од граѓаните со право на глас, а во Демир Капија 71,18 проценти од избирачите.