Шеесет тела пронајдени во нова масовна гробница во Мексико
Во новооткриена масовна гробница во Мексико, пронајдени се 60 тела.
Телата што беа откриени во масовна гробница во мексиканската држава Веракруз, во која беснее насилство меѓу бандите, се жртви на трговијата со дрога, се сомневаат активисти за човекови права, јавува Хина
Роднини на исчезнати лица во Мексико во масовна гробница пронашле најмалку шеесет тела, соопштија денеска активисти.
- Телата се откриени во близина на градот Колинас де Санта Фе, во источната држава Веракруз, изјави портпаролката на групата Колективо Солецито.
Таа додаде дека во ексхумацијата помагаат стручњаци на федералната полиција.
Активистите се сомневаат дека станува збор за жртви на трговијата со дрога.
- Војната на наркокартелите предизвикува страшно насилство во Веракруз, рече Луциа де лос Ангелес, пренесува Хина.
Неколку ривалски нарко банди веќе со години се бората за превласт во Веракруз.
Војната против дрогата во Мексико резултираше со најнасилниот период во модерната историја на оваа земја, во која од 2006 година се убиени повеќе од 150.000 лица, се наведува во јулскиот извештај на иницијативата „Правда за отвореното опоштество“ и пет други организации за човекови права.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот