Шчербак: Македонија добро да размисли за членството во НАТО
Секоја држава има сопствен избор за градење на националната безбедност без разлика дали тоа е со членство во НАТО или воена неутралност, изјави рускиот амбасадор Олег Шчербак говорејќи пред студентите од Факултетот за безбедност.
- Секоја земја треба самостојно со референдум и почитување на волјата на мнозинството да одлучи за членство во сојузи. Постојат успешни воено неутрални држави во Европа и таквиот пристап на решавање на националната безбедност е рационален, изјави Шчербак.
Посочи дека ефикасната безбедност во 21. век може да биде изградена само врз основа на колективна безбедност и со заеднички напори на сите и мали и големи земји.
Според него, НАТО претставува воено-политички блок создаден од САД со една цел да се спротивстави на Варшавскиот пакт, но иако тој веќе 30 години не постои НАТО се уште се шири кон исток.
- Воено неутралниот статус на Македонија може да и даде многу и во таков случај таа ќе биде отворена за сите и ќе може да ги оствари економските и социјални интереси на граѓаните, без да биде под товарот на европската солидарност. Добро знаете дека кога солидарноста се става над здравиот разум, тоа е погубно за националните интереси, истакна Шчербак.
Посочи дека постои пропаганда со која Русија се претставува како агресор и дека земјите од Балканот се принудуваат да направат вештачки избор меѓу Истокот и Западот.
- Последиците од тоа се познати на Украина која беше ставена под таков ултиматум, што предизвика раздор и граѓанска војна. За жал, нашите западни партнери ништо не научија од ова, изјави Шчербак.
Рускиот амбасадор тврдењата дека Македонија се наоѓа на линија на огнот меѓу САД и Русија ги оцени дека се во насока на изолација на нашите народи и зголемување на русофобијата.
- Руската Федерација не може да не биде загрижена за воената доктрина на НАТО во која Русија е прогласена за непријателска. Тоа е многу опасна игра и не би сакале во оваа авантура да ја вовлечат и Македонија. Македонскиот народ да се користи како топовско месо и нејзината територија како НАТО база, изјави Шчербак.
Тврдењата дека членството во НАТО на Македонија ќе и донесат мир и стабилност, Шчербек ги оцени како мит.
- Не ве убедувам дека НАТО е зло, но само велам дека треба многу добро да се анализираат последиците при еден таков чекор. Влегувањето во така агресивен сојуз е предизвик и сериозен избор за секоја земја. Политичарите треба да бидат свесни за својата одговорност и да се водат од поговорката еднаш сечи, три пати мери, изјави Шчербак.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана