Македонија
23. May 2016 - 13:17

Шчербак: Долгорочното политичко решение мора да е внатрешно

Тајната на успешен излез од која било криза е многу едноставна. Долгорочно политичко решение на која било криза мора да биде внатрешно домашно. Само такво решение е одржливо и може да даде перспектива, изјави амбасадорот на Руската Федерација денеска во Скопје, Олег Шчербак.

Тој ова свое тврдење го поткрепи со искуството на Русија која што во својата долговековна историја минала низ многу победи, но и кризи кои успеала да ги надмине самата без помош, како што подвлекува, однадвор, односно од ММФ, ЕБОР, Светска банка или други надворешни институции.

- Го направивме тоа сами и го зачувавме нашиот интегритет и суверенитет, порача амбасадорот Шчербак на новинарско прашање во рамки на прес-конференција по повод одржување на Деновите на духовната култура на Русија во Македонија.