Ракомет
14. August 2017 - 9:05

Шарт повторно подобар од Металург на турнирот „Струга 2017“

 
 
Францускиот тим Шарт ќе ја брани титулата на  меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“. Шарт кој е минатогодишниот победник на овој турнирот Шарт ја забележа втората бобеда во групната фаза и тоа против македонскиот вицепрвак Металург кого го совлада со 28-22 полувреме 17-12, со што францускиот тим го освои 1.место.
 
Шарт во финалето ќе игра против турскиот Бешикташ кој исто така стигна до втората победа, но во Б групата совладувајќи го Охрид со  32-24 полувреме 13-12. .
 
Денеска ќе се играат два меча. Металург - Струга (19 часот)  и Алингсас – Охрид ( 20:45 часот).