Свет
23. September 2016 - 22:24

Шарлот: Уапсено лице осомничено за убиство на демонстрант

Полицијата во американскиот град Шарлот, во Северна Каролина, уапси лице осомничено за убиство на човек кој учествувал на протести во средата навечер, изјави денеска началникот на полицијата во Шарлот, Мекленбург Кер Патни. 

Демонстрантот кој во четвртокот им подлегна на раните, застрелан е кога жителите на Шарлот протестирале поради убиството на Афроамериканецот, Кит Скот, кого полицијата го уби во вторникот.

Во Шарлот три ноќи по ред се одржуваа протести, а демонстрантот е тешко ранет за време на втората ноќ. 

Демонстрантите со протестите сакаат да извршат пристисок врз полицијата да го објави видеото кое можеби би можело да погне да се расветли убиството на Афроамериканецот.