Свет
3. May 2017 - 19:14

Шарли Ебдо со порака до француските гласачи да излезат да гласаат в недела

Во редакцискиот коментар во најновиот број на Шарли Ебдо, директорот на редакцијата Рис, смета дека изборот да не се излезе и гласа во вториот круг е „да не се испотат и да се остават другите да го прават тоа“, изненадувајќи со само едноставен текст на насловната страница, наместо вообичаените провокативни карикатури, јавува дописникот на МИА од Париз.

Редакцијата на Шарли Ебдо нема да се најде на листата на оние кои, во пресрет на вториот круг од претседателските избори, се изјасни во полза на „ниту-ниту“.

Воздржаноста од гласањето според весникот е начин „да не се испотат и да се остават другите да го прават тоа“.

На насловната страница може да се прочита "Втор круг: навистина треба да ви нацртаме нешто".

„Анти-расистите нема да имаат банкарски сметки“. Текстот на Рис, насловен како „Ниту апстинент, ниту апстинент“ одговара на еден од слоганите кои се слушнаа меѓу двата круга на изборите „Ниту банкар, ниту расист": Анти-расистите не би требало да имаат банкарска сметка и да ги кријат своите заштеди во своите машини за перење, закопани длабоко во нивната градина ", духовито забележува тој. „Се може да се критикува, но методот е срамно демагошки“, вели тој.

Рис оди понатаму и го споредува неодењето да се гласа в недела со сцена во метрото, каде што „една жена е нападната пред рамнодушни минувачи кои велат :постои некој кој ќе ја заштити, јас немам време.