Тенис
13. August 2017 - 11:23

Шарапова ќе го пропушти и турнирот во Синсинати

Руската тенисерка Марија Шарапова ќе пропушти уште еден турнир ова лето. Таа го откажа учеството на турнирот во Синсинати, каде требаше да игра со „вајлд карта“. Шарапова во Синсинати допатува во петокот, а по консултациите со медицинскиот тим го откажа настапот поради повреда на раката. Во првото коло Шарапова за противничка требаше да ја има шампионката на Ролан Гарос Јелена Остапенко (12.носителка).
Шарапова откако доби можност да игра на турнирите поради паузата поради допингот нема настап околу два месеца вклучувајќи го Вимблдон.
- Сакам подобро да се подготвам за УС Опен. Воедно му благодарам на организаторот за доделената „вајлд карта“ изјави Шарапова, која е шампионка на турнирот во Синсинати од 2011 година.