Тенис
17. May 2017 - 14:27

Шарапова дефинитивно не ја примаат на Ролан Гарос!

Француската тениска федерација (ФФТ) неколку недели размислуваше и на крајот реши да не и  додели специјална покана на Марија Шарапова за настап на овогодишното издание на Ролан Гарос.
 
Шарапова неодамна се врати на тениската сцена, по 15-месечната суспензија поради допинг. Таа очекуваше да добие „вајлд карта“ за настап на Ролан Гарос, Гренд слем на кој го има освоено во 2012 и 2014, а откако не ја доби стана јасно дека годинава нема да учествува на Отвореното првенство на Франција бидејќи е 211. на ВТА листата и нема право да настапи ниту во квалификациите.
 
„Специјални покани се даваат на натпреварувачи кои се враќаат по пауза поради повреда, но не и на оние кои  отсуствувале поради суспензија. Можеби во моментов е разочарана, но мојата одговорност е да го штитам тенисот и играта“, рекол претседателот на ФФТ, Бернард Зудичели.
 
На новинарско прашање зошто не добила специјална покана за настап во квалификациите, првиот човек на ФФТ рекол: „Добивање вајлд карт“ за настап во квалификациите би била навреда и за неа и за турнирот“.
 
Тој дополнил дека сакал лично да и ја соопшти одлуката, а не истата да биде објавена во живо на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.
 
„Ја барав Шарапова трипати, но не можев да ја добијам. Не се јавуваше на телефон“, заклучил Зудичели.