Балкан
21. October 2018 - 11:41

Шапуриќ претседава со Регионална конференција за одржлив развој во Албанија

Во организација на холандскиот  институтот EWPP, во Тирана се одржува Регионална конференција за одржлив развој за земјите од Западен Балкан. На конфeренцијата учествуваат претставници на централните и локалните институции, на експерти и на невладиниот сектор од Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Со конфернцијата претседава министерот Зоран Шапуриќ, кој во своето воведно излагање ја потенцирал мултидимензионалноста на одржливиот развој, кој ги покрива и секторите на економија, животна средина, социјална правда и образовоние, како и важноста на интергенерациски пристап во креирање и реализирање на  политиките поврзани со одржливиот развој.

– Регионалната соработка и заеднички активности на земјите во регионот е мошне важна за унапредување на активностите во областа на одржливиот развој, рекол Шапуриќ, соопштија денеска од Кабинетот на министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија. Исто така, тој истакнал дека Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев е силно посветена на унапредување на односи во сите сфери, со сите земји во регионот, што веќе дава конкретни резултатит пред сè во економската сфера.

На конференцијата претставниците на сите држави ја истакнале важноста на евроатланските интеграции. Истовремено тие упатиле честитки до граѓаните на Македонија, до македонското Собрание и македонската влада за интезивирање на активностите за стекнување со полноправно членство во Евроската Унија и во НАТО.

За време на конференцијата Шапуриќ остварил повеќе билатерални средби меѓу кои и со д-р Орнела Чучи-заменик министер за животна средина и туризам; проф. д-р Арбен Малај-член на советот на Народната банка на Албанија и поранешен министер за финансии и министер за економија во Владата на Албанија и со проф. д-р Џил Адлер-професор на Универизтетот во Утрехт и Универзитеот Вебстер и воедно директор Холандскиот  институтот