Шапуриќ и Мартенс разговараа за унапредување на стопанска соработка меѓу Македонија и Германија
Унапредувањето на и онака добрата стопанска соработка помеѓу Македонија и Германија беше тема на разговор на вчерашната работна средба меѓу министерот за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ и директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс.
Директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик, информираат од Кабинетот на Шапуриќ, го запозна министерот со подготовките на Делегацијата за воспоставување на пилот проект за едукација на технички персонал вработен во домашни фабрики и во фабриките на странските инвеститори, со особен акцент на одржување на софистицирана опрема и софистицирани машини, што би придонело до намалување на дефицитарен стручен кадар во државата.
Мартенс, ја изнесе и определбата на делегацијата за пренесување на германските искуства кои во иднина би користеле во македонскиот образовен систем, како и за нивните планови за промоција на Република Македонија како земја поволна за инвестирање и извозниот потенцијал на државата.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани