Тенис
11. August 2017 - 8:38

Шаповалов го „прати“ Надал меѓу гледачите

Сензација направи 18-годишниот канадски тенисер Денис Шаповалов откако ноќеска во меч од осминафиналето го совлада Рафаел Надал со 2-1 во сетови (7:4 на поени во тај брекот во решавачкиот сет) и со тоа го спречи Надал да се врати на позицијата број 1. На Надал му беше потребен пласман во полуфиналето.

Шаповалов во 1/4 финалето ќе игра против Манарино од Франција.
Победа за четвртфинале избори Рожер Федерер, кој со 2-1 во сетови го совлада Давид Ферер. Следен противник му е Баутиста Агут од Шпанија.