Тенис
16. October 2015 - 15:00

Шангај: Полуфинале за Ѓоковиќ и Надал

Новак Ѓоковиќ конечно наиде на силен отпор во четвртфиналето на турнирот во Шангај но и тој траеше само еден час откако во вториот сет  Бернард Томиќ се предаде и загуби со 6-1. 
Решавачки беше првиот сет во кој српскиот тенисер мораше да игра тај-брејк кој го доби со 8-6. 
Ова беше шести меѓусебен дуел на овие двајца тенисери во кој Томиќ и натаму е без победа. 
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Мареј – Бердих. Против Британецот има ско 19-9 а против Бердих 19-2 во меѓусебните дуели. 
Во првото полуфинале ќе играат Надал и Цонга.