Loading Video...
Тенис
13. October 2018 - 19:04

Шангај: Финале Ѓоковиќ-Чориќ

Новак Ѓоковиќ и  Борна Чориќ ќе играат во финалето на Мастерс турнирот во Шангај откако денеска славеа победи во полуфиналето против Александар Зверев и Роже Федерер.

Иако тениските фанови посакуваа големо финале помеѓу  Ѓоковиќ и Федерер , дербито го спречи  Хрватот Чориќ кој успеа да слави во два сета со 6-4 и 6-4 против Федерер  во меч кој траеше еден час и да потврди дека со 21 година е голема надеж не само на хрватскиот туку и светскиот тенис.

Нова доминација на Новак Ѓоковиќ кој  со само три загубени гема го збриша  германскиот тенисер Александар Зверев.  Победата од 6-2 и 6-1 само ја потврди немоќта на талентираниот тенисер со руско потекло на овој меч.

Финалето се игра утре во 10.30 часот по македонско време.