Џет-Сет
12. October 2015 - 10:55

Шанел го осмисли најотмениот аеродром кој некогаш сте го виделе

Модната куќа Шанел е позната по „откачени‟ идеи во текот на Париз Фешн Вик, а сега смислија уште една театрална.

Претставувајки ја колекцијата за пролет⁄лето 2016 година на модната писта донесоа продавници, бистроа, па дури и казина, правејќи таа да изгледа како внатрешност на вистински аеродром.

Студиозно смислениот простор беше исполнет со бројни ексцентрични детали со акцент на знаците „Шанел Ерлајнс‟ и сувенири. Означен е и просторот за влез и излез, седиштата во авионот и броеви на влезовите.

Главниот креативен дизајнер и директор Карл Лагерфилд истакна дека за остварување на овој план се водел од лични причини.

„Не глумам во филмови, не сум познат пејач, не правам скандали, а сепак не успевам нормално да излезам во јавност зошто сите сакаат моја фотографија, така да ми е речиси невозможно да патувам по аеродромите‟ изјави Лагерфилд.

Модното случување на Шанел е овозможено во Гранд Палас, место кое уште од 1900 година угостува изложби и модни преформанси. Во 2000 година е прогласено за историски споменик.

Гостите за влез мораа да имаат специјални „пропусници за влез‟, а ревијата ја гледаа од седишта кои се исти како тие на аеродромите. Меѓу гостите имаше многумина познати, од фотографот Марија Тестина, уредничката на Вог Ана Бинтур, тенисерката Марија Шарапова, пејачката Ванеса Паради и нејзината ќерка Лили-Роз Деп, моделот и глумицата Кала Делавин.

Моделите кои ги носеа креациите на Шанел поминуваа меѓу публиката, проверувајки го „времето на летовите‟ и носејќи куфери.