-->
-->
Шампионските титули за Србљак и за Маринковиќ
-->
На денеска завршеното државно првенство во тенис шампионските титули ги освоија Горазд Србљак (член на Теннис Парк Скопје) кај мажите и Катарина Маринковиќ (членка на ТК Југ) кај жените. Србљак во меч во три сета со 2-1 го победи Димитар Грабул (првак последните три години). Првиот сет го доби Србљак со 6:4 во гемови, а потоа Грабул изедначи откако со истиот резултат го доби и вториот сет. Со 6.4 во гемови за Србљак заврши и решавачкиот сет.
Во женското финале што беше реприза на ланското Маринковиќ ја победи Ана Ристевска со 2-0 во сетови (6:4 и 6:1). Ова за Маринковиќ е четврта титула шампионка на Македонија.
На шампионатот не настапија нашите најдобро рангирани играчи кај мажите Томислав Јотовски (игра на фјучрс турнири во Тунис) и Лина Ѓорческа (која е повредена).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море