Спорт плус
27. August 2017 - 12:00

Шампионскиот појас за Мејведер

Американскиот боксер Флојд Мејведер ноќеска успеа во „мечот на столетието“ да го нокаутира ММА борецот Конор МекГрегор. Тој како апсолутен шампион заминува во пензија со 50 триумфи во кариерата.
Мечот со одржа во Лас Вегас, а беше најавуван како „супер меч“, но љубителите на овој спорт видоа многу малку квалитетна борба, а ниту пак беше равноправна. Во продолжението Мејведер ја покажа својата доминација и го совлада 11 години помладиот ривал.
40-годишниот Мејведер е освојувач на 11 титули во различни катергории,а воедно е кариерата ја заврши без загубен меч. Шампионскиот појас кој му припадна тежи 1,5 килограми 24-картно злато, има 3.600 дијаманти, 600 сафири и 160 сматагди.