Кошарка
3. January 2020 - 16:19

Шампионот Торонто поразен на гостувањето кај Мајами

 
Нов пораз на шампионот во НБА лигата екипата на Торонто. 
„Рапторси“ на гостувањето во Мајами загубија од „Хитс“ со 76-84, со што го претрпеа четвртиот пораз на последните шест натпревари, Дабл-дабл учинокот на Серж Ибака со 19 поени и 10 скокови како и 15 поени и 8 асистенции на Кајл Лаури не беа доволни Торонто да го избегне вкупно дванаесеттиот пораз сезонава.
 
Нова брилијантна партија имаше Словенецот, Лука Дончиќ кој во победата на Далас над Бруклин со 123-111 придонесе со дабл-дабл со 31 поен и 13 асистенции.
 
Од останатите натпревари ја издвојуваме и победата на еден од фаворитите за највисок пласман тимот на Лос Анџелес Клиперс кој го совлада Детроит со 126-112.